ДИЈАБЕТИЧНА РЕТИНОПАТИЈА И ВИТРЕКТОМИЈА
Дијабетичната ретинопатија е сериозна компликација на дијабетесот која ги оштетува крвните садови на мрежницата и може да доведе до трајно губење на видот. Во напредните фази, кога се јавува крварење или одлепување (аблација) на мрежницата, витректомијата е клучната хируршка интервенција за спас на окото. Оваа високософистицирана микрохируршка процедура вклучува отстранување на стаклестото тело и прецизно санирање на настанатите оштетувања. Со навремена интервенција кај д-р Костовска, се спречуваат неповратни последици и се овозможува стабилизација на видната функција.
ШТО ДОБИВАТЕ
- Прецизна дијагностика
- Микрохируршки пристап
- Санирање на аблација
- Ласерска фотокоагулација
- Локална потенцирана анестезија
- Постоперативен мониторинг
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Најчестите прашања кои се поставуваат и нивните кратки одговори како ваша информација
КОЛКУ Е ИТНА ОПЕРАЦИЈАТА ПРИ АБЛАЦИЈА НА МРЕЖНИЦА?
Аблацијата е итна состојба; колку побрзо се изврши витректомијата, толку се поголеми шансите за враќање на изгубениот вид.
ДАЛИ ВИДОТ ВЕДНАШ ЌЕ СЕ ВРАТИ ПО ОПЕРАЦИЈАТА?
Закрепнувањето е постепено. Доколку во окото е ставен гас или масло, видот ќе биде заматен додека тие не се ресорбираат или отстранат.
МОЖЕ ЛИ ВИТРЕКТОМИЈАТА ДА СЕ ПОВТОРИ?
Во одредени комплексни случаи на дијабетес, може да бидат потребни дополнителни интервенции за целосна стабилизација.
ДАЛИ ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА ВЛИЈАЕ НА ИСХОДОТ?
Да, добрата контрола на гликемијата е клучна за долгорочен успех на операцијата и спречување на нови оштетувања.